Хроника СВР Скопје

Со возило излетале од коловоз, тешко повреден сопатникот

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Со возило излетале од коловоз, тешко повреден сопатникот

На 30.03.2024 во 23:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од Тетово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И.(36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top