Хроника Несреќа

Со „Југо“ се превртеле на коловоз, повредени три лица

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.   

Со „Југо“ се превртеле на коловоз, повредени три лица

На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

To top