Хроника

Со автомобил удрил во три паркирани возила,тешко повредил и пешак

Со автомобил удрил во три паркирани возила,тешко повредил и пешак

Автомобил „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.Селце-штипско синоќа околу полноќ удрило во паркирани возила на улицата „Борис Кидрич“ во Штип.

Од МВР информираат дека момчето удрило во товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки и патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

To top