Хроника возилото било пронајдено

Случајот го пријавил градоначалникот: Украден автомобил на Општина Аеродром

Случајот го пријавил градоначалникот: Украден автомобил на Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески пријавил кражба на општинско возило.

-На 07.04.2025 во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, информира МВР.

Возилото е пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top