Денеска (18.08.2024) во 06.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја привеле Ј.В.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во казино го нарушила јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.Т.(39) и И.М.(39), оштетила дел од инвентарот во казиното и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Хроника
мвр
Скопјанка се степала во казино, МВР и поднесе пријава
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.