На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.