На 04.05.2024 во 19:15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле О.Ј.(27) од Скопје.
Приведен е поради тоа што околу 18:15 часот на стадионот Чаир за време на одржување на фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Шкендија, од трибина фрлил со предмет кон клупата на гостинска екипа на ФК Шкендија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.