На 22.09.2024 во 16:45 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16:00 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 54-годишна сестра од Скопје.
Подоцна и таа пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.