На 21.05.2024 во 12:25 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ѓ.Р.(44) од Скопје.
Приведен е затоа што околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава.