Хроника

Пукање во Сингелиќ, повредено едно лице

Пукање во Сингелиќ, повредено едно лице

Едно лице е повредено при пукање кое вечерва се случи во скопската населба Сингелиќ.

Повреденото лице било пренесено во болница за укажување лекарска помош. Подетални информации за здравствената состојба на повредениот засега не се познати.

Според првичните информации пукано е во автомобил во кој имало две лица.

Повеќе детали се очекуваат наскоро од МВР.

To top