На 16.01.2024 во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје.
При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје, информира МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.