На 31.05.2024 во 21:50 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село.
Лицето е приведено постапувајќи по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко, според која тој не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, и дошол во неговиот дом.
З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.