Хроника Баран со централни и меѓународни потерници

Приведен криумчар на мигранти за издржување на 6-годишна затворска казна

На 06.11.2023 околу 23.30 часот на место викано „Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с.Сингелиќ, скопско.

Приведен криумчар на мигранти за издржување на 6-годишна затворска казна

Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

To top