Хроника следува соодветна пријава

Приведен криумчар на мигранти во Гевгелија, пронајдени осум лица од Сирија

Денеска (10.02.2024) во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија.

При контрола на возило “фиат” што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

To top