Хроника бил баран по централна потерница

Приведен криминалец од Арачиново за издржување затворска казна

Денеска (06.02.2024) во 10.15 часот на ул.„Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од с.Арачиново, скопско.

Приведен криминалец од Арачиново за издржување затворска казна

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

To top