Хроника

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

На 29.12.2024, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода Б.Љ.(33) од с.Грчец, скопско, кој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведенo во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, велат од МВР.

To top