Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.