Хроника Запознаен е Јавен обвинител

Приведен крадец од Конче

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Приведен крадец од Конче

На 18.01.2024 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Со него бил извршен службен разбовор, при што признал дека во реонот на брана „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година.

Лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш и против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

Теми на денот

To top