СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории во Битола, каде што живее пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства.