На 23.07.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.
При претрес во домот на А.Џ., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, поголема сума пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Додека, при претрес во домот на Ќ.Х., извршен исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.