На 19.08.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје.
При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.