При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони различен калибар.
Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.