На 18.12.2024 околу 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(23) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, таблети и грендер.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.