Хроника Екстази, бела прашкаста материја и пари

Претрес во Кавадарци – пронајдена дрога, приведен дилер

О.Н. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Претрес во Кавадарци – пронајдена дрога, приведен дилер

На 08.01.2024 во 16:15 часот полициски службеници од ОВР-Кавадарци го лишиле од слобода О.Н.(27) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари.

По претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје од Кавадарци извршиле и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана.

О.Н. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top