На 26.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(49) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.
Д.Р. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.