Средба за помирување меѓу две семејства заврши со меѓусебна престрелка, вчеравечер во скопски Чаир.
Според првичните информации повредено е едно лице. „Фокус“ јавува дека ранетиот е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“, а напаѓачот е од скопски Сингелиќ.
Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.
Повеќе детали наскоро од МВР.