Хроника загадување на животната средина и природа

Предизвикале пожар од поголеми размери, кривична пријава против правно и физичко лице

На 23.08.2023 во атар на општина Брвеница, пријавените вршеле складирање и преработка на комунален отпад и непридржувајќи се кон прописите за заштита на животната средина со настанат пожар од поголеми размери извршиле загадување на воздухот, водата, почвата и предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето и уништување на животинскиот и растителниот свет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од село Чегране и В.С.(36) од село Чегране, управител и сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природа“.

To top