На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола.
-Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78), информира МВР.
Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроведена во здравствена установа за понатамошна постапка.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.