Хроника СВР Скопје

Пожар во просторија на општина Шуто Оризари, изгореа разни предмети

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Пожар во просторија на општина Шуто Оризари, изгореа разни предмети

На 05.02.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на 03.02.2024 околу 03:00 часот била опожарена помошна просторија, сопственост на општина Шуто Оризари во Скопје во која имало разни предмети.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје,  а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

To top