Хроника пожарот избувнал во собата каде што била жената

Пожар во куќа во село Матејче, почина 83-годишна жена

На 13.12.2023 во 21.25 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош Липково било пријавено дека во с.Матејче била констатирана смрт кај Н.М.(83) од с.Липково, како последица од пожар.

Пожар во куќа во село Матејче, почина 83-годишна жена

Според пријавеното, пожарот настанал во собата во која што била Н.М., кој потоа бил изгаснат од членови на семејството.

Лекар од Итната помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.

To top