Денеска (26.08.2024) во 05.10 часот, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода М.К.(23) од Берово затоа што пред угостителски објект физички нападнал еден од полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.