Хроника лишен од слобода

Пијан возач се судрил со автомобил на МВР

Пијан возач се судрил со автомобил на МВР

Денеска во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар.

-Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е дека П.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Известен е јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.

Најнови вести од Хроника

To top