Хроника

Пешак тешко повреден, удрен од автомобил на „Никола Карев“

Пешак тешко повреден, удрен од автомобил на „Никола Карев“

На 09.01.2024 во 17.30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(24) од Скопје, удрило во А.Т.(33) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top