Хроника

Осомничениот за помагање во убиството кај Мавровка се пријави во полиција

Осомничениот за помагање во убиството кај Мавровка се пријави во полиција

Осомниченото лице по кого полицијата трагаше за помагање во извршување на убиството кое вчера се случи кај Мавровка се пријави во полиција.

Од МВР за Курир потврдуваат дека лицето попладнево се пријавило во полициската станица Кисела Вода.

Денеска, Кривичниот суд на уапсениот првоосомничен му одреди 30 дневен притвор.

Второто лице кое беше приведено беше ослободено. За него, МВР денеска информираше дека до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен.

To top