Оружје скриено во еден објект пронашла полицијата рано утринава во околината на Арачиново.
Според првичните информации, запленети се 11 парчиња автоматско оружје, а се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.
Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.
По акцијата на МВР, јавен обвинител пред два дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 лица членови на бандата Беланоца – Барон, за кои, како што информираа од ЈОРСМ, постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители, сториле кривични дела убиство, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Другите четири лица се товарат за кривично дело изнуда.