Хроника

Охриѓанец пронајден починат во хотел во Маврово

Охриѓанец пронајден починат во хотел во Маврово

На 27.01.2026 во 10:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека има починато лице во хотел во Маврово.

-Увидна екипа во присуство на јавен обвинител извршила увид во помошните простории на хотелот, каде во една од собите за персонал бил пронајден починат В.Л. (58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

To top