Хроника Во спортска сала

Новинар нападнат во Тетово

Според пријавата, други две лица, кои биле присутни во салата, му се заканувале.

Новинар нападнат во Тетово

На 28.11.2023 во 22.00 часот во СВР Тетово, 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште пријавил дека околу 20.30 часот во спортска сала во Тетово, додека извршувал работни задачи како новинар со уште едно лице, бил физички нападнат од М.А. од тетовско Ларце.

Според пријавата, други две лица, кои биле присутни во салата, му се заканувале.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

To top