Хроника

НетПрес: Новинарот Фуркан Салиу е приведен бидејќи нападнал полицаец, кај него е најден пиштол?!

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

НетПрес: Новинарот Фуркан Салиу е приведен бидејќи нападнал полицаец, кај него е најден пиштол?!

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар, велат полициски извори за НетПрес.

-Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал  полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец, пишува порталот.

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

To top