Хроника Куманово

Нападнат вработен на бензинска пумпа, приведени две лица

Со закана му одзеле пари од дневниот промет

Нападнат вработен на бензинска пумпа, приведени две лица

На 01.12.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека на 29.11.2023 на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top