Министерството за внатрешни работи вечерва потврди дека во тек е акција, откако неофицијално беше објавено дека е уапсен актуелен директор поради сомневања за коруптивни дела.
-Поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, во тек е акција на МВР под раководство на јавен обвинител на ОЈО ГОКК, кусо потврдија од МВР.
Претходно се огласија и од ОЈО ГОКК од каде ја потврдија акцијата истакнувајќи дека повеќе детали ќе соопштат по завршување на истата.

Како што објавивме вечерва, екипи на МВР од одделот за организиран криминал го уапсиле актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев.
Според првичните информации, Анакиев бил фатен при барање и примање мито на повеќе од 50.000 евра.
Дали делувал сам или зад случајот стои поширока мрежа, ќе покаже официјалната истрага и информациите од надлежните институции.