На 14.01.2024 во 06.58 часот во СВР Битола, од Јавно комунално претпријатие „Комуналец“-Прилеп било пријавено дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, a по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Битола.