Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка, возачот на автомобилот избегал

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка, возачот на автомобилот избегал

На 09.12.2023 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Пандил Шишков“ и станбена улица која води на паркинг простор, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило кое го напуштило местото несреќата и мотоцикл „сузуки 750“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.И.(31) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top