Хроника Измама

Млад Турчин измамен од скопјанка: Платил за да изнајми стан, но…

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Млад Турчин измамен од скопјанка: Платил за да изнајми стан, но…

На 02.12.2023 во 19:20 часот во Полициската станица Центар, 21-годишник од Република Турција пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје.

Според пријавеното, откако на 29.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук видел дека лицето изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба. Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари.

Според пријавеното, на 02.12.2023 тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top