Во 3:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.У., на возраст од 47 години од неготинско село, затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга.
Тој ѝ се заканувал со остар предмет.
Предметот бил одземен, С.У. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.