Хроника со американски пасош и лична карта

Маж од Нигерија нападнал полицаец во Македонија, кај него најден пиштол

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Маж од Нигерија нападнал полицаец во Македонија, кај него најден пиштол

На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

To top