Маж од Неготино бил приведен синоќа бидејќи ја нападнал девојката, информираа денеска од СВР Велес.
„Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР-Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна девојка. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.