Хроника тетово

Малолетник тешко повреден: Управувал трактор-четирицикл, па се судрил со „Ауди“

Малолетник тешко повреден: Управувал трактор-четирицикл, па се судрил со „Ауди“

На 07.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинденска“ со ул.„Ван Вардарска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор – четирицикл „стил“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(37) од Тетово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

To top