СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 28.04.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.