Хроника бодење

Малолетник избоден со нож на Бит Пазар

Две деца од Скопје, на возраст од 16 и 17 години, пријавиле дека биле нападнати со нож, а едното со убодни рани било хоспитализирано.

Малолетник избоден со нож на Бит Пазар

Две деца од Скопје, на возраст од 16 и 17 години, пријавиле дека биле нападнати со нож, а едното со убодни рани било хоспитализирано.

Настанот се случил во средата, а 16-годишникот бил донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Според пријавеното, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, при физичка пресметка, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник од Скопје. Во врска со настанот, во 21.05 часот, 17-годишник од Скопје пријавил дека на истото место и тој бил нападнат со остар предмет од истиот малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top