Хроника Малолетни крадци

Малолетници краделе во Кичево, со нивните родители завршија во полиција

Предметите што неовластено ги присвоиле, со потврда се одземени и вратени на сопствениците.

Малолетници краделе во Кичево, со нивните родители завршија во полиција

На 06.11.2023 во ОВР Кичево повикани се две малолетни лица од Кичево со кои, во присуство на нивните родители, претставници од Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, извршени се службени разговори.

Тие се сомничат дека на 05.10.2023 со употреба на сила влегле во два продажни објекта во Кичево и извршиле една тешка кражба и една кражба.

Предметите што неовластено ги присвоиле, со потврда се одземени и вратени на сопствениците, а по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top